2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСоопштен составот на жирито во Кан

Соопштен составот на жирито во Кан

кан-ман

Актерите Кирстен Данст и Доналд Сатерленд, како и унгарскиот режисер Ласло Немеш се меѓу членовите на жирито на 69-то издание на меѓународниот филмски фестивал во Кан, кое под претседавање на австралискиот режисер, сценарист и продуцент Џорџ Милер, чиј филм „Побесентиот Макс: Див пат“ со проекција вон конкуренцијата минатиот мај го започна својот фантастичен поход по кино салите низ свето, ќе оценуваат 21 филм во официјалната конкуренција.

Во жирито се уште и данскиот актер Мадс Микелсен, француската актерка и пејачка Ванеса Паради, францускиот режисер Арно Деспешен, италијанската актерка и режисерка Валериа Голино и иранскиот продуцент Катајун Шахаби, објавено е во вторникот на интернет страницата на канскиот фестивал.

Канскиот филмски фестивал секогаш тежеше кон универзалниот и интернационалниот пристап, па согласно со тоа, на Џорџ Милер ќе му се придружат осум истакнати поединци од светот на филмот, и тоа од Иран, Данска, САД, Италија, Франција, Канада и Унгарија, се наведува во соопштението.

Жирито нема да има лесна задача во конкуренцијата од 21 дело да ги избере победниците кои ќе бидат прогласени на церемонијата на затворањето на смотрата на 22-ри мај.

Фестивалот во Кан ќе биде отворен на 11-ти мај со премиерната проекција на најновиот филм, 49-ти во опусот на култниот американски режисер кој последната деценија твори во Европа, Вуди Ален, под наслов „Cafe Society“, кој ќе биде прикажан надвор од конкуренцијата.

Во текот на фестивалот премиерно ќе бидат прикажани и филмовите на Ашгар Ферхади, браќата Дарден, Кен Лоах, Џоди Фостер, Џеф Николс и Шон Пен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП