26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ го потврди Блан и за наредната сезона

ПСЖ го потврди Блан и за наредната сезона

blan=man

Лоран Блан и наредната сезона ќе го предводи од клупата ПСЖ, потврди претседателот на клубот, Насер Ал-Келафи.

„Договорот на Лоран му истекува за две години, значи тој сигурно ќе го води тимот и во наредната сезона“, рекол Ал-Келафи.

Шпекулациите дека Блан ќе добие отказ започнаа по елиминацијата на ПСЖ во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

„Одговорноста кога се губи не е само негова, туку на сите нас. По освоената титула во првенството, важно е што го освоивме и Лига купот. Минатите две недели беа тешки, овој трофеј ни ја зголемува самодовербата“, дополнил првиот човек на ПСЖ.

ПСЖ оваа сезона веќе има освоено три титули, по Суперкупот, овој тим го одбрани трофејот во првенството и Лигакупот, а во финалето на Купот против Марсеј ќе има можност да ја освои и четвртата титула во сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП