26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХоџсон: Руни нема загарантирано место во тимот

Хоџсон: Руни нема загарантирано место во тимот

hodgson-dan-rooney

Англискиот селекторт Рој Хоџсон рекол дека Вејн Руни ќе биде во репрезентацијата за Европското првенство во Франција, но дека местото во стартниот состав не му е загарантирано.

Вејн Руни речиси два месеци отсуствуваше поради повреда од тимот на Манчестер Јунајтед, па до крајот на сезоната ќе треба да ја „фати“ формата која ќе му обезбеди место во нападот, каде барем засега место има за водечките стрелци во Премиерлигата Хари Кејн (24 голови) и Џејми Варди (22).

„На таа позиција конкуренцијата е жестока и разбирам зошто се поставуваат прашањата кој треба да игра. Руни заслужува место меѓу 23-та играчи и не гледам причина зошто да не биде во репрезентацијата, секако доколку е 100-отсто подготвен. Навистина нешто крупно би требало да се случи за тој да не биде во репрезентацијата, особено што тој последните две години е капитен“, рекол Хоџсон.

Англискиот селектор дополнил дека нема да го повика 18-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Тинејџерот за Јунајтед дебитираше во февруари и на 13 натпревари има постигнато седум голови.

„Кога станува збор за Рашфорд, храбра одлука би била тој да биде повикан. Тоа би значело дека би требало да биде изоставен некој кој во овој момент има причина да биде повикан“, рекол Хоџсон.

Европското првенство ќе се одржи од 10-ти јуни до 10-ти јули, Англија е во Б групата заедно со Русија, Словачка и Велс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП