27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПанел дискусија „Про-книжи го умот“ со Ана Јовковска

Панел дискусија „Про-книжи го умот“ со Ана Јовковска

ana-j

Платформата за културен дијалог „Про-книжи го умот“  на новинарката Ана Јовковска ја продолжува својата мисија на креативно поврзување меѓу книжевноста и културата на дебата, политиката и филозофијата, етиката и активизмот.

Денес, 20 април, во 20 часот во ЕУ Инфо центарот во Скопје на тапет ќе биде актуелна тема „Технологија и уметност – револуција или хуманизација“ во чест на големиот филозоф Валтер Бенјамин.

„Во време на револуции, технологијата и новите медиуми се гулабите на слободната мисла и алатки за артикулација на гневот. Тензијата во општеството и честичките во воздухот се доволно наелектризирани за една интензивна дискусија во која ќе го отвориме прашањето за предизвиците на уметноста денес. Одговорноста на уметниците како носители на прогресот, одност помеѓу уметничкиот производ и политичката моќ, влијанието на новите технологии, етноцентризам наспроти космополитизам, дигиталното, ангажираната уметност и критичкиот став кон стварноста… се само дел од темите кои ќе ги дискутираме во рамки на третата дебата од проектот „Про-книжи го умот“ како дел од „Културните приказни“ на Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот во Скопје“, вели Ана Јовковска, авторка на концептот и модераторка на трибините.

Панелисти се проф. Небојша Вилиќ, историчар на уметност и проф. Иван Џепароски, филозоф. Влезот е слободен, а трибината е замислена со интерактивно учество на публиката како дел од критичкото промислување и практикување на културата на дебата кои ни недостасуваат во нашето општество на девалвирани културни вредности.

„Општеството врие, а духот кој треба да е силен и на улица, треба да се храни и со уметност.  Се надевам дека ќе имаме глас и доволно концентрација, после протестите во среда, во 20:00 часот во ЕУ Инфо центарот во Скопје да направиме една ваква обемна дебата. Ќе успееме ли да одговориме на прашањето – Уметноста денес – револуција или хуманизација?“, прашува Јовковска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП