2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата паднаа по неуспешниот состанок во Доха

Цените на нафтата паднаа по неуспешниот состанок во Доха

nafta 56

Цените на нафтата на светските пазари потонаа во понеделникот за повеќе од 5 отсто, а во еден момент остро падна за речиси 7 проценти, губејќи ги сите минатонеделни добивки, бидејќи најголемите светски произведувачи на состанокот во Доха не постигнаа договор за замрзнување на производството.

На лондонскиот пазар цената на барелот во понеделникот претпладнето падна за повеќе од 5 отсто, на 40,87 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 5,5 отсто, на 38,16 долари.

Со тоа се загубени сите минатонеделни добивки, имајќи предвид дека пред состанокот во Доха цената на барелот на лондонскиот пазар поскапе за 2,8 отсто, на 43,10 долари, а на американскиот за 1,6 проценти, на 40,36 долари.

На состанокот во Доха во неделата се собраа претставници на 18 земји произведувачи на нафта, вклучувајќи ја и Русија, која не е членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), за да ги договорат мерките за поткрепување на цените на нафтата.

На почетокот од февруари, имено, поради преголемото производство во однос на побарувачката цените потонаа на најниското ниво во последните 12 години, длабоко под 30 долари за барел. Но тогаш започнаа консултациите меѓу најголемите светски производители на „црното злато“ за можноста за замрзнување на производството на постојните нивоа, за да се намали јазот меѓу понудата и потрошувачката, кој слабее поради забавувањето на растот на глобалната економија. Благодарејќи на надежите на вложувачите дека ќе биде постигнат договорот, цените на нафтата во последните две седмици силно пораснаа.

Меѓутоа, долгоочекуваниот состанок во Доха не резултираше со договор, бидејќи Саудиска Арабија порача дека сака сите членки на OPEC да учествуваат во производството, вклучително и Иран, кој не учествуваше на состанокот. Техеран порача дека ја одбива можноста да се согласи со замрзнување на сегашното производство, бидејќи сака да го поврати својот удел на пазарите откако во јануари му беа укинати децениските меѓународни санкции.

Неколку извори за Reuters рекле дека доколку Иран се согласи на замрзнувањето на производството до следниот состанок на OPEC во Виена на 2-ти јуни, ќе бидат обновени преговорите со земјите кои не се членки на картелот, во прво со Русија, Азербејџан, Мексико, Казахстан.

Неуспешниот состанок во Доха би можел да го запре минатонеделното закрепнување на нафтата. „Без договор, довербата на вложувачите дека OPEC ќе постигне баланс меѓу понудата и побарувачката веројатно ќе спласне, а тоа сигурно ќе ги притисне цените на нафтата, кои делумно растеа благодарејќи на очекувањата дека договор ќе биде постигна“, вели Абхишек Дешпанде, аналитичар во компанијата „Narixis“.

Трендот на падот на цените на нафтата трае речиси две години, Имено, цените на нафтата вртоглаво почнаа да паѓаат од средината на 2014 година од повеќе до 100 на помалку од 40 долари за барел, бидејќи производството е значително поголемо од побарувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП