28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСевилја на „Енфилд“, Шахтјор го чека Виљареал

Севилја на „Енфилд“, Шахтјор го чека Виљареал

evro liga 1

Бранителот на трофејот во Лига Европа, екипата на Севилја, во полуфиналето на ова натпреварување ќе игра против Ливерпул, додека украински Шахтјор за место во финалето ќе игра против вториот шпански преставник Виљареал.

Фудбалерите на Севилја и Ливерпул беа актери на најдраматичните реванши во четвртфиналната фаза. Севилја, меѓу најдобрите четири тима се пласира по изведувањето на пенали, против шпанскиот ривал Атлетик Билбао, додека Ливерпул со неверојатен пресврт ја елиминира Борусија Дортмунд.

Втората полуфинална двојка ја формираа тимовите кои рутински славеа над своите противници, Шахтјор со вкупни 6:2 ја елиминира Брага, а Виљареал со вкупен резултат 6:3 беше подобар од Спарта Прага.

Првите полуфинални средби ќе се играат на 28-ми април, а реваншите на 5-ти мај. Финалето во Лига Европа годинава ќе се одигра во Базел на 18-ти мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП