10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерикански економист ја обвини Русија за организирање на аферата Panama Papers

Американски економист ја обвини Русија за организирање на аферата Panama Papers

ofsor

Весникот The Washington Post објави напис со заглавие „Не сосема безумна теорија, според која Русија ги протурила панамските документи“, во која се сугерира претпоставката дека зад најголемото истекување на документи во историјата, познато како Panama Papers, стои Русија, а написот на коментаторот Адам Тејлор се базира на статијата на економистот Клифорд Гејди, објавена на сајтот на Институтот Брукингс.

Планетарна истрага започна минатиот понеделник по протекувањето на 11,5 милиони документи кои наводно откриваат дека светските богаташи, државници, светската фудбалска организација, 140 истакнати политичари…, криеле пари во даночни оази преку адвокатската компанија „Mossack Fonseca“. Документите наречени „Panama Papers“ ги набавил весникот Sueddeutsche Zeitung од Минхен. Тој ги сподели со Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари (ICIJ) од Вашингтон и со други медиуми. Документите од Панама содржат 2,6 терабити податоци за 214.000 фиктивни компании. Во написот на Sueddeutsche Zeitung се наведува и дека наводно вработен од компанијата, кому не го открива идентитетот, го ризикувал животот со објавувањето на податоците.

Нема историја

Економистот Гејди истакнува дека во објавените архиви, кои наводно ја докажуваат врската на светските челници со офшор шемите, името на рускиот претседател Владимир Путин воопшто не се споменува, иако првите написи на светските медиуми и агенции беа насочени токму кон него, и констатира дека сите информации поврзани со него, горе-долу се веќе познати.

Овој факт Гејди го користи како еден од главните аргументи во полза на својата хипотеза дека Москва всушност е одговорна за таканаречениот скандал „Панамагејт“.

Авторот дава преглед на придобивките кои би ги имала Русија од објавувањето на документите: дека наводно по истекувањето на документите има осуда на „моделот на западните демократии“ во сличните проблеми, и никој повеќе не може со прст да покаже на Русија.

Притоа повеќето западни медиуми го направија херој во своите наслови рускиот лидер, иако неговото име и не е споменато во објавените документи, смета американскиот економист.

„Неодговорен“ извор

Обрнувајќи внимание за изворот на документите, Гејди потсетува на коментарите на новинарите на германскиот весник Sueddeutsche Zeitung, во чиј посед се предадени скандалозните материјали, за нивниот информатор.

Имено, новинарите го прашале својот извор за неговите мотиви, а тој, наводно им одговорил „Сакам за тие престапи да дознае јавноста“.

Ваквиот одговор аналитичарот го нарекува „наивен анархизам“, и како потврда на својата теорија укажува дека „ниеден одговорен човек, кој војува за владеењето на правото, нема да го поддржи објавувањето на толку обемна архива од документи“. Тоа може да говори во прилог на идејата дека зад Panama Papers може да стои Русија, бидејќи објавувањето на таквите документи може „да собори режими со непредвидливи последици“, го појаснува Гејди својот став.

Од своја страна новинарите на Sueddeutsche Zeitung во едно неодамнешно интервју расветлија како тие комуницирале со нивниот информатор. Така, меѓу „пробните“ документи кои им биле испратени, покрај податоците за „аргентински државни функционери“ и некои поранешни менаџери на компанијата „Siemens“, фигурирале и информации за лица од опкружувањето на Путин, но не и за него.

Сајбер одделот на Кремљ

Американскиот експерт, меѓу другото, се допира и до техничките детали на „истекувањето“. Според неговото мнение, достапот до документите на панамската компанија „Monssack Fonseca“ кои се објавени во рамките на скандалот Panama Papers, можеле да го добијат руските хакери, некој „специјален кибернетички оддел на Кремљ“ со поддршка на ресурсите на финансиското разузнавање. Притоа, Гејди не дава никаква поцврста поткрепа на оваа хипотеза.

Американската трага

Изостанувањето на имиња на познати Американци од документите, Гејди, исто така, го толкува во полза на својата теза. Москва, смета тој, може да ги користи тие информации за да го уценува Вашингтон по одредени прашања.

„Панамските документи содржат доверливи корпоративни финансиски информации, од кои дел, не сите, расветлуваат одредени криминални активности. Правосудните органи можат да ги користат за истраги против компаниите и поединци, а во рацете на трети лица тоа е алатка за уценување“, смета американскиот економист.

Авторот не е збунет од тоа што порталот WikiLeaks објави претходно дека објавувањето на панамските документи било насочено против Москва, го финансирале американската Агенција за меѓународен развој и Џорџ Сорос, а американскиот Стејт департмент фактички ја потврдил таа информација, дури и објави дека немал никакво влијание врз истрагата.

Тој смета дека Американци сепак може да се регистрирани во голем број во сé уште необјавените документи, но нивните имиња намерно не се достапни за јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП