26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеваншот Фјури-Кличко на 9.јули

Реваншот Фјури-Кличко на 9.јули

klicko-fjuri

Долгоочекуваниот реванш меч за титулата светски првак во тешка категорија, помеѓу Тајсон Фјури и Валдимир Кличко, ќе се одржи на 9.јули во Манчестер.

Оваа информација, во петокот, ја објави чичкото на Тајсон Фјури, кој воедно е и негов тренер.

Британецот, Фјури, во ноември минатата година, во Диселдорф, го победи Кличко со едногласна одлука на судиите и стана светски првак во верзиите на WBA, WBO и IBF.

Веднаш по мечот Кличко побара реванш, а Фјури се согласи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП