9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПретставата „Жена од минатото“ од кумановски театар во Кино Култура

Претставата „Жена од минатото“ од кумановски театар во Кино Култура

кули

Денес, со почеток во 20 часот, во Кино Култура ќе гостува претставата „Жена од минатото“ на кумановскиот театар, во режија на Нела Витошевиќ.

Музиката за претствата е на Огнен Анастасовски, костимите на Розе Трајчевска а сценографијата на Нела Витошевиќ.

Во претставата играат: Александра Пешевска, Игор Ангелов, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ и Нина Максимова.

„Жена од минатото“ е современ текст на германскиот автор Роланд Шимелфенинг, кој е еден од основоположниците на новата европска драма. Во оваа негова приказна, тој се занимава со тоа како последиците од неразрешеното минато, влијаат на иднината на едно семејство. Во моментот кога семејството се пакува да се исели од куќата во која живее дваесет години, на вратата се појавува мистериозна жена, која ги попречува нивните планови и дејството го носи во друг правец. Нејзиното присуство иницира да се отварат проблемите на членовите на семејството, кои биле потиснувани во изминативе дваесет години. Како парафраза на неразрешеното минато, мистериозната жена брутално го уништува семејството.

Претставата е психолошки трилер, кој преку знаковен јазик на филмска монтажа оди напред и се враќа назад во времето. Приказната е ставена во специфична временска рамка, во која низ низа на интроспекции и временски скокови се следи распадот на семејството од ракурс на едно девојче кое е сведок на сите настани.

Цената на билет за претставата е 200 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП