24 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Проект: Правда“, најголемиот регионален проект на театарските академии премиерно прикажан во Загреб

„Проект: Правда“, најголемиот регионален проект на театарските академии премиерно прикажан во Загреб

pravda-proekt

Во средата на Академијата за драмски уметности во Загреб со премиерната изведба на седум драмски текстови на тема правда беше претставен досега најголемиот регионален проект на театарските академии и факултети, во кој учествуваа студенти од дури седум факултети за драмска уметности од земјите од регионот.

Во остварувањето на споменатиот настан беа вклучени  Академија за театар, фим и телевизија од Љубљана, Факултет за драмски уметности- Белград, Академија на уметности – Нови Сад, Академија за сценски уметности- Сараево, Факултет за драмски уметности- Цетиње, Факултет за драмски уметности- Скопје и Академијата за драмски уметности од Загреб.

„Проект: Правда“ започна во 2013 година по иницијатива на загребачката Академија за драмски уметности преку основање на Регионална мрежа на академии (Словенија- Хрватска- Србија- Босна и Херцеговина- Македонија- Црна Гора) со цел поврзување на студентите од театарските и филмските академии од слично говорно подрачје, што претставуваше важен чекор во изградбата на културна соработка меѓу земјите од поранешна Југославија.

Во текот на изминатите две години седум меѓународни уметнички тимови ги подготвуваа поединечните изведби на студентските драмски тексотви претходно избрани на натпревар, а овој април заедно се собраа во Загреб за да ги обединат изведбите во еден импресивен театарски омнибус.

Четириесетина студенти на актерска игра синоќа се претставија преку изведба на драмските текстови „Чечкалица“ од Кристина Бојаниќ во режија на Тамара Дамјановиќ, „Не го слушам печатот Јосипе“ од Борна Вујичиќ во режија на Марко Јовичиќ, „Попокатепетл“ на Сара Радојковиќ во режија на Мирко Радоњиќ, „Шах- мат, љубов моја “ од Мила Јовановиќ во режија на Сара Луца, „Терапија“ на Мирза Скендрагиќ во режија на Драгана Стојчевска, „Тоа сум јас, Брехт“ од Балша Почек во режија на Дино Пешут и „Зезање“ текст на Дино Пешут во режија на Ирфан Авдиќ. Секоја од нив бавејќи се на свој начин со поимот правда и неговото значење за нас, претставите понудија ‘одговори‘ во дијапазон од духовити секојдневни стуации до сериозни обработки на проблеми длабоко вкоренети во општествата на овие простори.

Во целиот проект за оваа премиерна изведба беа вклучени осумдесетина учесници, како студенти и ментори од времеженинте академии, така и студенти од Загреб од Факултетот за архитектура, Студии по дизајн, Текстилно- технолошки факултет и Академијата за ликовни уметности.

Концепт кој до сега не е виден на студентските театарски фестивали и сјајната изведба на една ваква креативно и продукциски доста комплексна задања, студентите од седумте академии покажаа дека не се само иднината, туку и возбудливата сегашност на уметноста и културата на овие простори, и потврдија дека треба да им се пружат дополнителни вакви можности за средби и меѓусебна соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП