19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтените компании изгубија неверојатни 2.300 милијарди долари

Нафтените компании изгубија неверојатни 2.300 милијарди долари

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

Стотици од најголемите нафтени и гасни компании регистрираа пад на пазарните вредности на акциите од 2.300 милијарди долари.

Инвеститорите претрпеа загуби од најмалку 150 милијарди долари на акциите од нафтените и гасните компании, и покрај стравувањата од бранот банкроти во САД и пазарите во развој поттикнати од падот на цената на суровата нафта од летото 2014-та година.

Според анализите на лондонски „Financial Times“, 300 најголеми нафтени и гасни компании во светот, исто така, забележале пад на пазарната вредност на акциите од 2.300 милијарди долари во тој период, односно за 39 отсто од кога цената на нафтата започна да паѓа.

Овие податоци се илустрација за размерите од финансиските загуби кои падот на цената на нафта им ја донесе на производителите. И покрај делимичното подобрување на цената од јануари оваа година, нафтата се уште е во минус од речиси 65 посто во однос на вредноста која ја имаше во јуни 2014-та кога цената беше на својот врв.

Загубата од 150 милијарди долари, која ја забележаа инвеститорите во обврзници во нафтените компании, „Financial Times“ ја пресмета врз основа на податоците за цените 1.278 oбврзници деноминирани во долари, евра, фунти и јени со кои активно се тргуваше од јуни 2014-та кога цената на барел северноморската нафта брент изнесуваше 116 долари.

Британскиот весник наведува и дека задолжувањето на нафтените и гасните компании пораснало во последните десет години. Нивниот вкупен долг, вклучувајќи ги и позајмиците, речиси е тројно зголемен од 1.100 милијарди долари од 2006-та на 3.000 милијарди долари во 2014-та година, според податоците на Банката за меѓународни порамнувања.

Растот на задолжувањата.

Најбрзиот раст на задолжувањата, во однос на вредноста на имотот кој го поседуваат, забележаа малите, независни американски компании настанати од бранот на вадењето на нафта од шкрилци, како и големите државни компании од земјите во развој, како што е мексиканската „Пемакс“, бразилскиот „Петробрас“ и Кинеската државна нафтена корпорација (CNPC).

За нивото на изложеност на банките кон нафтените и гасните компании сведочи и податокот дека 20 од најголемите европски банки имаат пласирано кредити на енергетските компании во вредност од приближно 200 милијарди долари, што одговара на четвртина од нивниот акционерски капитал.

Од друга страна, во САД 20-те најголеми американски банки им одобрија на нафтените компании кредити вредни 115 милијарди долари, што претставува 11 отсто од нивниот акционерски капитал.

Банките поради тоа ги зголемија резервите за потенцијалните загуби на пласманите во енергетскиот сектор.

Бидејќи некои банки имаат пласман во противредности кои наминуваат 40 проценти од основниот капитал на нафтената индустрија, кредитодавателите ги направија построги условите за кредитирање на нафтените компании, кои притоа, како најниско рангирана групација, и натаму им се затворени и вратите на пазарите на капитал.

Евтината нафта може да делува поттикнувачки на глобалниот раст, меѓутоа, главниот аналитичар на Банката за меѓународни порамнувања, Јун Сонг Шин, вели дека слабеењето на цената на „црното злато“ допринесе за превирања на пазарите на хартии од вредност, пишува „Financial Times“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП