13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДокументарецот за Вања Лазарова на фестивал во Лос Анџелес

Документарецот за Вања Лазарова на фестивал во Лос Анџелес

vanjos

Македонскиот документарен филм посветен на легендарната Вања Лазарова, насловен „Вања – Со маки сум се родила“ е примен во официјалната програма на Стар док филм фестивалот што ќе се одржи од 25-27 март 2016 година во Лос Анџелес.

На овој реномиран фестивал ќе бидат прикажани филмови од цел свет селектирани во 19 категории, а нашиот филм е пласиран во категоријата за “најдобар музички документарец“.

Автор на филмот е нејзиниот долгогодишен менаџер и издавач Иво Јанкоски, режисер е Синиша Ефтимов, а филмот е во продукција Медиа Броудкастинг од Скопје.

Ова е негово четврто претставување на меѓународни филмски фестивали по трите претходни на интернационалните фестивали: All Seas Film Festival, Roma Cinema DOC и London Shows International Film Festival.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП