16 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОдбележување на 110 годишнината од смртта на војводата Ѓорѓи Сугарев

Одбележување на 110 годишнината од смртта на војводата Ѓорѓи Сугарев

250px-Georgi_Sugarev

НУ Музеј на македонската борба во среда со пригодна програма ја одбележува 110 годишнината од смртта на познатиот македонски револуционер, Ѓорѓи Сугарев.

Покрај потсетувањето на најзначајните моменти од животниот пат на Сугарев, посетителите ќе можат да ја видат и неговата восочна фигура која ќе биде изложена во холот. Дел од програмата ќе биде и проекцијата на документарниот филм за битолскиот војвода.

Одбележувањето на 110 годишнината од смртта на Сугарев, е во рамки на Годишната програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и личности на Собранието на Република Македонија.

Изложбените материјали ќе бидат поставени две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП