27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнува кампањата „Будење“ за луѓето со Даунов синдром

Почнува кампањата „Будење“ за луѓето со Даунов синдром

budenje 3545

Кампањата „Будење“, организирана со будењето на природата и првиот пролетен ден, кој се поклопува со светскиот ден на лицата со Даунов синдром, да се разбуди и свеста кај граѓаните, почнува во понеделник.

„Сите деца имаат свои соништа и желби, а начинот на кој ги остваруваат ги дефинира како личности. Како родители и луѓе кои се дел од ова општество, мораме да им дадеме доволно простор за да се изразат, да ги поддржиме во нивните мали подвизи и да им покажеме дека не постојат граници, дека можат да бидат сѐ што ќе посакаат! Но, кога ограничувањата доаѓаат во форма на попреченост, тогаш сликата ја боиме со малку поинакви бои, а работите добиваат поинаков контекст“, велат организаторите.

Без разлика дали попреченоста е вродена или стекната, очигледна или невидлива, секојдневието на овие деца е малку поинакво. Тие на поинаков начин ги остваруваат своите соништа. И тоа не ги спречува да сонуваат, напротив. Нивната посебност се состои во нивните способности, не во пречката во развој.

Оваа кампања e организирана со будењето на природата и првиот пролетен ден, кој се поклопува со светскиот ден на лицата со Даунов синдром, да се разбуди и свеста кај граѓаните.

„Нашите активности по повод оваа кампања, започнуваат на 21 март, понеделник, со прес конференција во Скопје, во хотелот „Александар Палас“, во 11 часот, а ќе продолжат истиот ден во Струмица, со отворање на изложба на уметничка фотографија, во Домот на културата Антон Панов, во 19.30 часот. Изложбата ќе биде поставена во повеќе градови во Македонија, во текот на наредните неколку месеци“, информираат организаторите.

Кампањата е организирана и поддржана од Здружението за помош и поддршка на лица со Дауов синдром „ВЕРА“ и „Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби“. Уметничкиот дел го осмислија и сработија фотографките Ирена Мила и Елена Фидановска и илустраторката Верица Пиперевска и медиумскиот соработник Иванна Хаџиевска. Целиот проект е поддржан и финансиран од Општина Струмица и Комплекс Бела Вода – Струмица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП