21 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонскиот документарен филм “ВАЊА – Со маки сум се родила“ на фестивал...

Македонскиот документарен филм “ВАЊА – Со маки сум се родила“ на фестивал во Лос Анџелес

vanja---pp

Македонскиот документарен филм посветен на легендарната Вања Лазарова, насловен “ВАЊА – Со маки сум се родила“ е примен во официјалната програма на Стар док филм фестивалот што ќе се одржи од 25-27 март 2016 година во Лос Анџелес, САД.

На овој реномиран фестивал ќе бидат прикажани филмови од цел свет селектирани во 19 категории, а нашиот филм е пласиран во категоријата за “најдобар музички документарец“.

Автор на филмот е нејзиниот долгогодишен менаџер и издавач Иво Јанкоски, режисер е Синиша Ефтимов, а филмот е во продукција на Медиа Броудкастинг од Скопје.

Ова е негово четврто претставување на меѓународни филмски фестивали по трите претходни на интернационалните фестивали: All Seas Film Festival, Roma Cinema DOC и London Shows International Film Festival.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП