5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјавен првиот трејлер за римејкот на историскиот спектакл „Бен Хур“ (видео)

Објавен првиот трејлер за римејкот на историскиот спектакл „Бен Хур“ (видео)

ben-hur

Филмските студија „Paramount Pictures“ го објавија првиот трејлер за римејкот на славниот историски спектакл „Бен Хур“ од 1959 година, а во кина неговото прикажување треба да започне во септември.

Режијата ја потпишува рускиот режисер Тимур Бекмамбетов, а сценариото Џон Ридли. Улогата на Јуда Бен Хур, која во верзијата од 1959-та ја толкуваше Чарлтон Хестон, во римејкот му припадна на Џек Хјустон. Покрај него, во новиот спектакл ќе глумат и Тоби Кебел, Родриго Санторо и Морган Фримен.

Филмската верзија од 1959 година освои 11 Оскари, а според бројот на наградите на американска филмска академија му парираат само „Титаник“ и „Господарот на прстените: Враќањето на кралот“.

Дејствието на филмот е сместено во Ерусалим во првиот век од новата ера. Тоа е приказната за богатиот Евреин Јуда Бен Хур кој завршува како роб откако најдобриот пријател, Римјанинот Месала, неправедно го обвинува за предавство. Се среќаваат по многу години во култната трка со двоколки во која Јуда го поразува Месала и го враќа одамна загубеното достоинство.

Приказната за Бен Хур досега доживеа шест верзии. Според истоимениот роман на Луис Волис од 1880 година снимени се два филма, цртан филм, телевизиска серија и најславната верзија со Хестон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП