6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Во боите на барокот“ концерт под палката на маесто Борјан Цанев

„Во боите на барокот“ концерт под палката на маесто Борјан Цанев

дритон

Македонската филхармонија ќе одржи симфонискиот концерт „Во боите на барокот“, денес, во Домот на АРМ со почеток во 20 часот.

Под палката на маестро Борјан Цанев, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе една од најпознатите симфонии на Јозеф Хајдн – Симфонија бр.103 во Es-dur, една од неговите т.н. „лондонски“.

На програмата се и двата Концерти за виола и оркестар – Концертот во G-dur од Георг Филип Телеман и Концертот во c-moll од Јохан Кристијан Бах, на кои како солист ќе се претстави најпознатиот македонски виолист Дритон Гаџа.

Дритон Гаџа веќе неколку години живее и работи во Германија, постојано настапувајќи на европските сцени како солист, но и како камерен музичар.

Уживајте во бисерните орнаменти на барокната музика!

Билетите се веќе достапни и можат да се набават на билетарата во Дом на АРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП