6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМаџиров ќе чита поезија во книжарница во Париз

Маџиров ќе чита поезија во книжарница во Париз

madzirov 335

Македонскиот поет, Никола Маџиров, денес ќе чита во најпопуларната книжарница во Париз „Шекспир енд компани”, како учесник на вечерниот настан „Поезија во превод”.

Тој ќе се претстави со стихови на македонски, англиски и француски јазик од книгата „Остаток од друг свет” објавена во САД и Велика Британија.

Освен Маџиров, поезија ќе чита и еден од преведувачите на Рилке, Шејмас Хоган.

Во четврток вечер, Маџиров ќе настапи на Саемот на книгата во Лајпциг, како член на Европското жири за 2015 година на „Европската асоцијација на книжевници“ со седиште во Париз.

Освен Маџиров, ќе читаат и автори од Исланд, Данска, Велика Британија и Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП