3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонтинуиран пад на задоволството од животот меѓу младите од Македонија

Континуиран пад на задоволството од животот меѓу младите од Македонија

mladite

Задоволството од животот меѓу младите од Македонија, во последните 12 години континуирано опаѓа, и во 2014 година ќе падне за цели 10%, во споредба со 2002-та, што ги позиционира нашите 15-годишни млади на самото дно од табелата, меѓу 42 земји.

Ова го покажуваат резултатите од Извештајот: Нееднакво растење: родови и социоекономски разлики во здравјето и добросостојбата на младите, промовиран во вторник во Брисел, под покровителство на Светската здравствена организација(СЗО).

Резултатите од ова истражување, кое се повторува на секои четири години, покажуваат намалување на преваленцата на ризични однесувања, како што се пушењето, пиењето и опивањето, меѓу младите во Европа, во последните 12 години. Младите од Македонија го следат трендот на опаѓање, иако со помали стапки од европските, и многу позабележливо кај момчињата, отколку кај девојчињата.

Истовремено, задоволството од животот, како клучен индикатор на општата добросостојба, што се јавува кај дури 80% млади Европјани, со возраста опаѓа, па 15- годишните млади се понезадоволни од животот, од нивните соученици на 11 години.  Задоволството од животот, покажуваат резултатите, е силно поврзано и со социо-економскиот статус на семејството, како и со ресурсите на заедницата вложени за доброто на децата.

Оттука, не е изненадувачки што е тоа најниско токму меѓу децата од најсиромашните заедници, со директно влијание на нивните животни избори, во најкритичниот период од развојот, во преминот од детството кон возрасното доба.

„Наодите укажуваат на голема меѓуродова диспропорција во здравјето на децата, што се појавува, и влошува токму во периодот на адолесценција. Додека девојчињата повеќе јадат овошје и зарзават, и почесто ги мијат забите од момчињата, тие имаат и понегативна слика за себе, и почесто покажуваат нарушување на менталното и емоционално здравје. Од друга страна, момчињата се повеќе физички активни, но и повеќе склони кон ризични однесувања. Разликите меѓу земјите се големи, и ја потенцираат важноста на разбирањето на родовите улоги и социјалните норми, како и очекувањата на културата, при формирање на навиките и однесувањата на децата, поврзани со здравјето“, вели Д-р Jo Inchley, координатор на меѓународната студија по повод европската промоција на резултатите.

Имено, многу аспекти на здравјето се социјално поставени и детерминирани. Децата, особено девојчињата од помалку имотните семејства континуирано покажуваат послабо физичко и ментално здравје, и пониска стапка на физичка активност, во споредба со момчињата од поимотните семејства, на пример.

Младите од социјално осиромашените средини,  не само што живеат помалку здраво, туку имаат и помалку социјални ресурси и механизми, како што се помала поддршка од семејството, и врсниците, во справувањето со предизвиците, односно, послаба достапност до информации.

Со други зборови, многу разлики во здравјето и квалитетот на животот се должат токму на родовите и социјалните нееднаквости, и фокусот на секоја земја треба да биде во намалување на јазот, и подобрување на условите за еднаков пристап кон здравјето на сите деца во заедницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП