6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на пет словенечки банки

„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на пет словенечки банки

Fitch-Ratings

 Бонитетната агенција „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на пет словенечки банки, вклучувајќи ги и двете најголеми – НЛБ и НКБМ, наведувајќи го како причина на бавното решавање на проблемите во банкарскиот сектор.

Агенцијата го намали рејтингот на НЛБ и Нова КБМ за три степени (од ВВВ- на ВВ-), Банката Цеље, филијала на НЛБ (на В), Горењска банка (на В-) и Пробанка (на СС), со што кредитните оценки на најголемите словенечки кредитори се намалени на неинвестициско ниво.

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на две банки – Вип Абанка и Банката на Копар (В-).

Агенцијата проценува дека само за докапитализација на НЛБ и НКБМ се потребни 1,6 милијарди евра, односно 4,5 отсто од словенечкиот бруто домашен производ. Дополнителни 400 милиони евра се потребни за докапитализација на третата по големина банка во Словенија – Вип Абанка.

„Фич“ не исклучува ново намалување на рејтингот на словенечките банки, имајќи предвид дека сите, освен Пробанка, имаат негативна прогноза, но оваа банка и онака има најнизок кредитен статус меѓу наведените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП