3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 брзи и ефикасни вежби за одморање на очите од компјутерот

10 брзи и ефикасни вежби за одморање на очите од компјутерот

Frustrated woman using laptop

По цел ден седиме на компјутерот и кога ќе се фокусираме на некоја задача или текст забораваме да трепкаме. Очите ни се сушат, а видот ни се расипува… Сепак постојат вежби кои можете секојденевно да ги правите со цел да го намалите штетното дејство на компјутерскиот екран врз вашите очи и да го заштити видот.

1. Трепкајте две минути. Оваа вежба помага во регулирањето на крвната циркулација во окото.

11-1

2. Вртете ја главата додека гледате напред. Прво од десно на лево, а подоа од горe па доле. Ова исто така ја подобрува крвната циркулација во очите.

3. Погледнете на десно, потоа полека на лево. Потоа истото направете го во спротивен правец.

11-2

4. Затворете ги очите и опуштете се. Темнината ги зајакнува фоторецепторните клетки во очите, што помага да се одржи добриот вид.

5. Насочувајте го вашиот поглед во различни правци. Погледнете десно па лево, горе па доле, вртете го погледот и правете осмици.

11-3

6. Затворете ги очите цврсто на 5 секунди, потоа отворете ги. Направете го тоа седум пати. Оваа вежба помага да ги одморите очните мускули и да ја подобрите крвната циркулација во очите.

7. Лесно притиснете ги слепоочниците со прстите две секунди. Повторете пет пати. Оваа вежба го подобрува протокот на интраокуларни флуиди.

8. Држете ги очите отворени и со погледот цртајте едноставни геометриски фигури. Потоа преминете на покомплицирани облици.

11-4

9. Затворете ги очите и полека движете ги очните јаболка горе и доле. Повторете го ова пет до десет пати.

10. Застанете блиску до прозорот и фокусирајте го погледот на нешто што е многу блиску до вашето лице. А потоа на нешто што е далеку. Повторете ја вежбата 10 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП