17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДенови на светската книжевност во НУБ за унгарска книжевност

Денови на светската книжевност во НУБ за унгарска книжевност

svetska-kniz

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје во рамките на планираните активности за популаризација на книгата и серијата настани посветени на светската книжевност го претставува третиот настан насловен „Човекот зад митот, државата зад човекот: Шандор Петефи и унгарскиот романтизам“.

Овој настан НУБ го организира во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија – Телeдом, и истиот ќе се одржи во вторник, во 19 часот во НУБ.

Осврт за унгарската книжевност ќе има професорот Гара Петрила Атила, кој ќе зборува за националниот празник на Унгарците што се прославува на 15-ти март, како и за творештвото на Шандор Петефи.

Шандор Петефи е исклучително важна фигура во унгарската книжевност и, воопшто, во унгарската култура. Освен излагањето на професорот Петрила ќе имате можност да слушнете и неколку песни од познатиот поет Петефи, во оригинал на унгарски и во препев на македонски јазик. Освртот ќе се одржи на унгарски јазик, а преводот на македонски јазик ќе биде од Јожеф Шутуш, претседател на Здружението на Унгарците.

Библиотеката, во текот на целата 2016 година континуирано ќе промовира и презентира публикации од капиталните издавачки проекти на Владата преведени на македонски јазик, како и други изданија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП