3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Русија има луксуз да ги игнорира одлуките на ЕЦБ?

Зошто Русија има луксуз да ги игнорира одлуките на ЕЦБ?

ruska

Руските централни банкари имаат помалку причини да нудат олеснувања за економијата која е погодена од рецесија, отколку што многумина очекуваат.

Нивното решение оваа недела дали повторно да започнат циклус од намалување на каматните стапки е речиси небитно, бидејќи во исто време владата на Владимир Путин и помага на економијата со средства акумулирани од нафта за подобри времиња, коментира „Bloomberg“.

Руските банки имаат повеќе пари, отколку во кој и да е момент во последните пет години. Ова им овозможува да даваат заеми една на друга на пониски камати, отколку ако се сврти кон централната банка за тоа. Во еврозоната и во САД пазарните каматни стапки се повисоки од главните.

„Тоа доведува до олеснување на монетарните услови без намалување на основната каматна стапка“, вели Алина Слиусарчук, економист за Русија и Заедницата на независни држави од „Morgan Stanley“ во Лондон.

Како се случи тоа? Минатата година Министерството за финансии пренасочи 2,6 илјади милијарди рубљи (37 милијарди долари) од средствата кои се наталожени од нафта во државниот инвестициски фонд во вредност од 50 милијарди долари за економијата, за да се пополни фискалната дупка. Истиот предвидува и уште едно повлекување за 2 илјади милијарди рубљи од резервниот фонд во 2016-та година. Приливот на готовина им овозможува на руските банки да се отучат од навика да се потпираат на заеми од централната банка, за да ги надминат меѓународните санкции. Овие обврски се намалиле до 1,57 илјади милијарди рубљи кон 10-ти март од 7,8 илјади милијарди рубљи кон крајот на 2014-та година.

Откако централната банка на Русија стави крај на циклусот од намалување на каматните стапки на 11-ти септември, уделот на стапката на кредитите оваа година се намали до 10,62% во однос на просекот од 11,17% во периодот. Во петокот нивото беше одредено на 10,86%. Рубљата се тргува со 0,5% пониско во однос на доларот до 70,1960 во Москва.

rus lik 3344

За разлика од невидените стимулирачки мерки на европските колеги, се очекува Гувернерот на руската централна банка Елвира Набиулина да ја остави основната каматна стапка непроменета на ниво од 11% по средбата на централната банка во петокот. Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали каматната стапка на 10-ти март и ја прошири својата програма за откуп на обврзници со 20 милијарди евра до 80 милијарди евра месечно.

За разлика од Марио Драги, условите за олеснувања претстават закана за целите на Набиулина. Таа се уште се бори да ја намали инфлацијата од сегашните 8,1%, што е два пати над среднорочната цел, иако сепак во предвид е драстичен пад од 17-те проценти пред една година. Гувернерот калкулира со потребата да се зајакне економијата, која се стеснува од првиот квартал на 2015-та година, со ризикот од прекумерна инфлација. Нафтата сорта „Брент“ е употребена при цените на главната нафтена мешавина за извоз кој достигна просечна цена од 34 долари за барел оваа година во однос на просечните 86 долари во претходната деценија.

Иако досега централна банка на Русија, откако беше страничен набљудувач на сливот на пари во банкарскиот систем, сега таа е подготвена да искористи од алатките за да го надмине вишокот пари во готово, ситуација која според неа е „веќе возможна во 2016-та“. Мерките вклучуваат рестартирање на еднонеделната аукција на депозити, заменувајќи ги еднонеделните договори за откуп, што ја прави централната банка побрзо заемопримач, отколку кредитор, вели институцијата во одговор на прашања на „Bloomberg“. Другата опција е да се врати продажба на обврзници на централната банка.

„Овие алатки ќе им овозможат на централната банка на Русија да ја задржи контролата врз пазарните каматни стапки“, вели таа.

Во меѓувреме ликвидниот тампон ќе и овозможи на Набиулина да го одложи намалувањето на каматните стапки барем до последниот квартал на годината, вели Слиусарчук од „Morgan Stanley“. Нејзината прогноза е поагресивна од онаа на 21 од 24-те економисти анкетирани од „Bloomberg“. Средната прогноза на економистите предвидува намалување за 1 процентен поен до септември.

Поранешниот советник на централната банка, Олег Кузмин, смета дека растот на ликвидноста е еднаква на намалување на каматните стапки со 50 базични поени.

„Ова може да се претвори во причина за не толку значително парично олеснување во оваа година“, рече Кузмин, кој сега е економист во „Renaissance Capital“ во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП