28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБалканска книжевна вечер во Солун

Балканска книжевна вечер во Солун

книжевна

Во петок, во просториите на Францускиот институт во Солун, ќе биде одржана „Балканска книжевна вечер“.

Манифестацијата се одржува во рамките на Деновите на франкофонијата, во организација на Францускиот институт, а во соработка со конзулатите на Република Македонија и на Република Албанија.

Вечерта е посветена на делото на македонскиот писател, академик Влада Урошевиќ и на албанскиот романсиер Исмаил Кадаре, и притоа е предвидено присуството на двајцата писатели.

Вечерта ќе ја отворат дипломатските претставници на Македонија и Албанија во Солун – Маја Апостолова и Павлина Или.

За поезијата на Влада Урошевиќ и, посебно, за неговата нова книга песни преведена на француски и објавена во Париз, ќе зборува писателот Владимир Мартиновски, професор на Филолошкиот факултет во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП