11 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на турска музика во Скопје

Концерт на турска музика во Скопје

uskur 335

Институтот „Јунус Емре“ Скопје во соработка со Газиантеп Универзитет од Турција и „Ипекјолу“ Агенцијатa за развој организира концерт за сите љубители на турска музика на Балканот.

Првиот концерт беше одржан во Сараево, а во среда ќе се одржи вториот концерт во Дом на АРМ со почеток во 19 часот, со поддршка на Турски културен центар „Јунус Емре“ во Скопје.

Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушаат турски народни песни со анадолиски мотиви и да видат фолклорни носии од различни анадолиски региони. Вечерта ќе биде збогатена со прикажување на „Сема” (дервишко вртење со познатата филозофија за љубов и сочувство на големиот поет, гуру Џелалудин Мевљана Руми).

УНИЦЕФ ги ставил вртечките дервиши на својата Листа на светско културно богатство.

Влезот за концертот ќе биде бесплатен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП