И покрај различните мерки кои Европската централна банка (ECB) ги воведе со цел поддршка на намалениот раст на потрошувачките цени, годишната инфлација во 19-члената еврозона во февруари прв пат по пет месеци повторно се најде во негативно ниво, а причината за таа комбинација е од различни причини.
Во „ECB“ проценуваат дека потрошувачките цени би требало да растат по годишна стапка од нешто под два проценти со цел да се добие здрав економски раст.
Но, стапката на годишна инфлација во февруари во еврозоната изнесуваше 0,2 посто, поради комбинацијата на различни фактори, велат експертите.
Нафтата
„Ниското ниво на инфлација и овој пад во февруари во најголем дел го препишуваат на движењето на цената на енергентите“, вели Бен Меј, економист од истражувачката компанија „Oxford Economics“.
Цената на нафтата забележа значителен пад во последниве две години, притисната од прекумерната понуда на нафта на глобално ниво. За домаќинствата и компаниите тоа би можело да биде позитивно, затоа што сметките за потрошената енергија им се намалуваат, како и трошоците за греење, а помалку издвојуваат пари и за гориво. Но, со оглед дека енергентите имаат прилично значење во тежината на вкупната кошница на производи кои се користат за пресметка на потрошувачките цени, нивните цени ја пригушуваат темелната стапка на инвлација, појаснува Меј.
На нафтениот пазар, на кој од почетокот на оваа година цената на барел сурова нафта потона на најниско ниво од 2003-та година, по што од почетокот на февруари започна постепено да се зголемува, забележани се значителни флуктации во текот на последните недели и покрај шпекулациите дека земјите извознички на нафта би можеле да го стопираат производство.
Па сепак, значителено подобрување на цената на нафтата засега се чини дека нема на повидок. Како резултат на тоа, како што неодамна кажа претседателот на германската централна банка „Bundesbank“, Јенс Вејдман, прогнозите за инфлација во еврозоната се зрели за поворно намалување.
Девизниот курс
Вредноста на еврото е значително намалена во март 2015-та година, откако „ECB“ го објави воведувањето на програмата за купување на имот, позната како квантитативно ублажување, за потоа постепено да се зајакнува во однос на доларот и моментално се движи околу 1,10 долари.
„Зајакнувањето на курсот на еврото значи дека цените на увезените стоки бележат пад“, толкува Меј.
Со други зборови, ако еврото се зајакне во однос на другите валути, цените на увезените автомобили се пониски, па поради тоа се намалува и вкупната стапка на инфлација.
Платите
Друг важен фактор кој ја притиска стапката на инфлација се платите.
„Многу земји се погодени од кризата, како Шпанија, Португалија и Грција, па беа принудени да спроведат реформи на пазарот на труд и да го направат пофелксибилен, што доведе до пониски плати“, вели Јоханес Гареис, економист во француската банка „Natixis“.
Тоа доведува до послаба потрошувачка на домаќинствата, а што возвратно реагира на послаба инфлација. Истовремено, слабите изгледи за инфлација во идните години влијание ќе имаат и преговорите за платите, како и сопирачката за зголемување на истите, тврдат аналитичарите.
„Со стапка на инфлација во висина на нула или со негативен предзнак, куповната моќ на домаќинствата расте, со што се намалува притисокот за поголемо зголемување на платите од страна на вработените и синдикатите. Слабите изгледи за инфлација ги пригушуваат барањата кои се поврзани со платите“, изјави Чарлс Виплоз, професор по економија на Институтот за меѓународни и развојни студии во Женева.
Слабите инвестиции
Слабите инвестиции се уште еден од значајните фактори. Кај инфлација компаниите отвораат нови работни места, поради што може да растат и платите, а како последица на тоа и инфлацијата.
„Но, многу од компаниите се загрижени во врска со иднината. Загриженоста на финансиските пазари не помага. Компаниите не се сигурни дали растот ќе трае, односно дали е темелно моќен, а се сведоци на сегашното бавно заздравување, па се подготвуваат со значајни вложувања“, заклучува Виплоз.