30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПредавање „Страмо‘ жената ја крепит“ на антропологот Јелена Цветановска

Предавање „Страмо‘ жената ја крепит“ на антропологот Јелена Цветановска

stramo

Предавањето „Страмо‘ жената ја крепит“ на антропологот Јелена Цветановска, ќе се одржи во Музејот на Македонија во вторник – 11:11 часот, како составен дел од тековната изложба во овој музеј, именувана „Црвен Петел – Црна Кокошка: култови на плодноста, обреди и обичаи“.

Предавањето ќе се концентрира на третманот на жените во традиционалното македонско општество, но и на ставовите што жените ги имаат во врска со нивната позиција во рамки на заедницата. Во текот на овој настан ќе се дискутира околу четири референтни теми поврзани со женската чест, брачниот живот, жените – бегалки и женската обредност како извор на моќ, односно теми кои произлегуваат од теренските истражувања на антропологот Јелена Цветановска. Како резултат на овие истражувања е снимен и документарниот филм „Женски приказни“ во коавторство меѓу Јелена и Владо Цветановски, што ќе биде прикажан во воведниот дел од предавањето. На овој настан се поканети сите што сакаат да дадат свој удел во темелна дебата околу предложените теми, но и размислувања за сегашната состојба на жените во руралните и урбаните средини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП