30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт „За дамата“ за празникот на жената во МОБ

Концерт „За дамата“ за празникот на жената во МОБ

моб-соб

По повод светскиот ден на жената, во вторник, на 8 Март, со почеток во 20 часот, Македонската опера и балет приредува концерт со симболичен наслов „За дамата…“

Гала вечер со кавалерите на МОБ!

За концертот е подготвена специјална програма, составена од популарни арии и наполитански канцони кои ќе бидат изведени од „кавалерите-солисти“ на Македонската опера и балет. Покрај оркестарот на МОБ, ќе настапи и машкиот хор заедно со солистите Борис Трајанов и Марјан Јованоски (баритони), Зоран Сотиров и Марјан Николовски (тенори), Владимир Саздовски (бас) и „Трио Џентлмени“.

По исклучителната изведба на сценската кантата „Кармина Бурана“, оркестарот повторно ќе го предводи младиот диригент Иван Еминовиќ, а со неколку изненадувања вечерта ќе ја збогати режисерот Дејан Прошев.

Македонската опера и балет на сите жени им го честита празникот 8 Март, а овој концерт ќе стане традиционален токму во нивна чест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП