13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБалетот „Дамата со камелии“ во МОБ

Балетот „Дамата со камелии“ во МОБ

mak opera 33

Денеска со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди.

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31 октомври 2014 година. Музиката е од прославениот Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на гостинот од Русија, Василиј Медведев, прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска-Шокаровска и Васил Чичијашвили. Диригент е Иван Еминовиќ. Настапуваат, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.

Билетите по цена од 300, 400 и 500 денари можете да ги купите на билетарницата на МОБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП