26 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на фотографии на Каролина Мицевска во Велес

Изложба на фотографии на Каролина Мицевска во Велес

karolina

Во четврток, во 19 часот, во ликовниот салон на ЛУ Народен музеј Велес ќе биде отворена изложбата на фотографии „Момент на впечатоци 2“, од новинарот Каролина Мицевска.

На изложбата ќе бидат изложени 24 фотографии.

Дел од фотографиите се ново видување на пределите од авторот, а дел се од првиот циклус „Момент на впечатоци“ кој авторката го презентираше претходните години.

Изложбата е резултат од нејзините убави моменти минати низ Македонија и повеќе европски држави, со посебен акцент на Русија, бидејќи поголемиот дел од фотографиите се настанати при нејзините две посети на Русија.

„Фотографиите на Мицевска се чисти, јасни и искрени и кај гледачот предизвикуваат чувство на смиреност, исполнетост и внатрешна рамнотежа“, вели за творештвото на новинарката писателот Петар Петрески.

Каролина Мицевска досега имала изложби во родниот Прилеп, во Радовиш, Гевгелија, Неготино, Крушево…

Работи како новинар во ЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп и подолги години е дописник на весникот „Нова Македонија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП