2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТвитер ја надмина телевизијата на доделувањето на Оскарите

Твитер ја надмина телевизијата на доделувањето на Оскарите

твитер-оскари

Доделување на Оскарите оваа година достигна најниска гледаност на телевизијата за последните осум години, а од друга стана и најтвитувано во историјата на доделување на овие награди.

Церемонијата ја следеле 34,4 милиони Американци, што е најниска гледаност од 2008 година. Меѓутоа, овој настан заживеа на популарната социјална мрежа твитер и постигна рекорд во твитови во историјата на Оскарот.

Во Америка, Дикаприо бил тема на дури 182.000 твитови во минута, сѐ до крајот на емитувањето на доделувањето на Оскарите. На светско ниво дистигната е бројка од 440.000 твитови во минута.

Огромен скок на твитовите се случи во моментите кога на Дикаприо конечно му беше доделена првата филмска награда од страна на американската Академија на филмски уметности и науки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП