3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСо светло од мобилни се доигра претстава во Драмски

Со светло од мобилни се доигра претстава во Драмски

светло-драмски

И покрај тоа што за време на претстава во драмски театар снема струја, актерите продолжија да ја играат претстават со помош на публиката која им осветлуваше со нивните мобилни телефони.

Во вторникот вечерта снема струја Во Центар и во Карпош каде што се наоѓа драмскиот театар, токму во моменти на одигрување на претставата „Живот во тесни чевли“.

Актерот Драган Спасов Дац на фејсбук сподели селфи, на кое се гледа како публиката со мобилни го освелува театарот.

„Во Драмски на пола претстава, а и во цел Карпош снема струја. Ова е селфи со публиката која ни помогна со нивните телефони да го доиграме првиот дел.
Браво за публиката“, напиша популарниот Дац.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП