10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на филмот: Streif-One Hell of a Ride

Премиера на филмот: Streif-One Hell of a Ride

streif

На 1 март во киното Фросина ќе биде проектирана премиерата филмот „Штрајф – Едно пеколно возење” кој ја разработува приказната за една од најстрашните спуст патеки во светот, а покрај филмот ќе се одржат и уште неколку презентации поврзани со скијањето кај нас.

STREIF е добитник на ROMY наградата за најдобар докуемнтарен филм во 2015-та година. За време на премиерите низ Европа, филмот распродаде безброј проекции, а оваа година започнуваат и премиерите низ Америка.

Цели 75 години традиционалната трка Ханенкам во Кицбил, Австрија, произведува незаборавни триумфи и трагедии со големи емотивни болки, наследство кое е полно со митови и легенди.

Никаде на друго место скијањето не се прославува толку интензивно. “Штрајф – едно пеколно возење” сликовито го споделува овој значаен повод, заедно со самите подготовки.

Филмот ги следи протагонистите во текот на дванаесет емотивно набиени месеци во кој сè се врти околу врховната дисциплина на ски трките, спустот, во неговиот најозлогласен и најславен облик.

Страста и неизвесност се интензивираат, а резултатот – дали победа, пораз или несреќа – е неизвесен до самиот крај.

Интензивната активност е прекината само со речиси неподносливата минута молчење пред секој од тркачите да се впушти во својата трка.

Бајковитиот тиролски град Кицбил врие од енергија откако трката во 2013 година завршува со весела забава. И тоа со добра причина: никаде на друго место елитните скијачи не се толку среќни што се вратиле од трката во еден дел. За нив падината за спуст Шрајф на планината Ханенкам е врвен предизвик кој може да се завладее само со совршена техника и извонредна храброст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП