11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЈа продадоа Candy Crush за 5,9 милијарди долари

Ја продадоа Candy Crush за 5,9 милијарди долари

kendic 335

„Асtivision Blizzard“ најави дека договорот за стекнување на „King Digital“ за 5,9 милијарди долари е веќе завршен. Со оваа трансакција „Blizzard“ станува најголемата мрежа за игри со 500 милиони корисници. „King“ е позната најмногу со своите игри за социјалните мрежи и мобилните уреди, како „Candy Crush“, а лидерските игри на „Blizzard“ се „World of Warcraft“ и „Call of Duty“.

„Blizzard“ смета дека зделката значително ќе ги подигне нејзините приходи за 2016-та година. Намерата за купување на „King“ беше најавено во ноември минатата година и претставува едно од најуспешните превземања на европска „старап“ компанија, чие седиште е во Лондон.

Главниот извршен директор на „Blizzard“, Боби Котик, соопшти дека основачите на „King“, како и нејзините вработени ќе се придружат кон нив. Помалата компанија ќе продолжи да се управува од Рикардо Закони, сегашниот извршен директор.

Уште пред 10 години, кога игрите на „Facebook“ одбележуваа бум, двете компании кои го земаа вниманието на корисниците беа „Zynga“ со својата „Farmville“ и „King“ со својата „Candy Crush“, а потоа се појави и „Angry Birds“ на „Rovio“. Во еден момент „King“ реализираше толку многу купувања внатре во игрите, така што рекламите, како начин за привлекување на приходи, едноставно беа запрени.

Проблемот на „King“ дојде кога одлучи да направи јавна понуда на акции во 2014-та година. Обично при таков чекор една компанија сака да даде знак за инвеститорите дека сегашните производи се исклучително успешни и допрва ќе се реализира раст на приходите, но тогаш се чинеше дека „Candy Crush“ веќе го имаше стигнато својот бум.

Сепак, продажбата на акции тогаш и даде на „King“ пазарна капитализација од 7 милијарди долари со цена по акција од 22,50 долари. Сегашната продажба на акциите на „King“ се проценува на 18 долари за една, но и тоа е голем успех за неа. А и „Candy Crush“ се уште е во топ 10 меѓу мобилните игри во САД.

Од гледна точка на „Blizzard“ тоа и дава уште еден канал за приходи и тоа не со толку тешки игри, какви што се „World of Warcraft“ и „Call of Duty“. Тие исто реализираат приходи од купувања внатре во игрите, така што овој модел ќе биде продолжен и од „King“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП