21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветските компании исплатиле дивиденди од 6,9 илјади милијарди долари од 2008-ма година

Светските компании исплатиле дивиденди од 6,9 илјади милијарди долари од 2008-ма година

alll 00

Во предвид нестабилноста на берзите, идентификувањето на компаниите кои плаќаат добри дивиденди на акционерите, станува сè повеќе важно, коментира „Forbes“.

Ако цените на акциите се намалуваат, тоа стабилните дивиденди на силните компании можат да го амортизираат ударот, додека пазарите се обноват.

Според последниот извештај на „Henderson Global Dividend Index“ јавните компании во целиот свет им исплатиле на акционерите дивиденди во висина од 1,15 илјади милијарди долари во 2015-та година, што е малку помалку од износот во 2014-та година – 1,17 илјади милијарди долари.

Тоа значи дека во последните седум години јавните претпријатија исплатиле дивиденда за речиси 6,9 илјади милијарди долари на акционерите на глобално ниво, покажуваат податоците на „Henderson Global“.

Гледајќи напред, намалувањето на цените на суровините може да ги принудат компаниите во секторите на природните ресурси да ги намалат дивидендите кон акционерите, што значи дека наоѓањето на алтернативни извори на дивиденди станува исклучително важно.

„Henderson“ ја намалува прогнозата за глобалните дивиденди за 2016-та година со 10 милијарди долари или до 1,17 илјади милијарди долари.

„Профитот од дивидендите беше важна компонента од вкупното акционерско враќање во минатата година, бидејќи тие речиси целосно ги компензираат инвеститорите за падот од 1,3 илјади милијарди долари на вредноста на акциите“, вели последниот извештај на „Henderson Global“.

Десетте компании кои исплатиле најголеми дивиденди во 2015-та година, се „Royal Dutch Shell“, „Exxon Mobil“, „China Construction Bank“, „Apple“, „HSBC Holdings“, „Kraft Foods Group“, „Microsoft“, „AT & T“, „General Electric“ и „Verizon Communications“ – вкупно тие исплатиле дивиденда од 109,2 милијарди долари.

Следните десет се „BP“, „Johnson & Johnson“, „Chevron“, „China Mobile Ltd“, „Wells Fargo“, „Nestle“, „Novartis“, „Procter & Gamble“, „Commonwealth Bank of Australia“ и „Pfizer“ со дивиденди од вкупно 75,4 милијарди долари.

„Последната нестабилноста на берзите ја нагласува долготрајната вредност на профитот како извор на враќање. Инвестирањето на глобално ниво е профитабилно, бидејќи поседувањето на разновидни акции од различни земји и сектори ги намалува долгорочните ризици“, вели Алекс Крук, раководител во „Henderson Global Investors“.

„Генерално сме позитивни за изгледите за раст на дивидендите во претстојната година“, коментира Крук, иако секторите се чувствителни спрема намалувањето на цените на суровините, најверојатно ќе го намалат износот на дивидендите кон акционерите.

Дивидендите во Северна Америка постигнаа нов рекорд во 2015-та година, зголемувајќи се со 12,1% до 440,4 милијарди долари. Американските компании исплатиле дивиденда за близу 50 милијарди долари повеќе во 2015-та година во однос на 2014-та година.

Европските дивиденди сепак се намалиле за 12,2% до 204,5 милијарди долари во 2015-та година „поради драматичното влијание на курсот што влијаело на 41,7 милијарди долари од вредноста на плаќања“, вели „Henderson Global“.

„Ова влијание има такво големо значење поради поевтинувањето на еврото за 24% во однос на доларот на годишна база во вториот квартал, кога се исплаќаат две третини од европски дивиденди“, објаснуваат од „Henderson Global“.

Франција исплатила најмногу дивиденди во Европа – 47 милијарди долари во 2015-та година, што сепак е за 15,8% помалку на годишно ниво.

Меѓу најголемите француски компании, „Аха“ и „Societe Generale“  сериозно ги зголемија своите дивиденди.

„Allianz“ пак исплатила најголеми дивиденди меѓу германските играчи, зголемувајќи ги плаќањата за 29% изразени во евра. Како „BMW“, така и „Volkswagen“ ги зголемија дивидендите во 2015-та година, но скандалот со дизел моторите, значи дека „VW“ можеби ќе ги намали во 2016-та година, тврди „Henderson Global“.

Во извештајот „Henderson Global“ уште вели: „Ако не беше вонредното поскапување на американскиот долар, сакавме да забележиме скромен рекорд на глобалните плаќања. Тоа изгледа противречно, во предвид тековниот притисок врз глобалниот економски раст, континуираната европска криза, падовите на цените на суровините и турбуленциите на пазарите во развој“.

Големите пазари како САД, продолжуваат да се справуваат добро, додека Европа се обновува, а многу сектори се зафатени од глобалните трендови, на пример пониските цени на нафтата.

Повеќето компании избираат прогресивни политики на дивидендите, при што менаџерите се обидуваат да ги зголемуваат исплатите постепено секоја година и да ги намалуваат само кога отпорната негативна пазарна средина ќе ги принуди.

Во 2016-та година ќе има познати намалувања на дивидендите, прогнозира „Henderson Global“. Дивидендите на нафтените и ореден вид на компании се особено ранливи, бидејќи профитот на компании од овие индустрии се урива.

„Некои нафтени компании веќе презедоа чекори – пример „Petrobras“, „ENI Spa“, „Роснефт“, иако и други веројатно ќе го разгледаат“, тврди извештајот. „Малку е веројатно најголемите производители во светот, на пример „Exxon“ и „Shell“, да ги намалат плаќањата во краток рок, иако не можат да ги издржат ниските цени на нафтата засекогаш“.

Компанијата останува оптимист за Северна Америка, Европа (со исклучок на Велика Британија) и Јапонија. Остатокот од азиско-пацифичкиот регион најверојатно ќе се одложи, но трендовите сепак ќе останат позитивни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП