6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиту пиратите повеќе не се заинтересирани за кражба на нафта

Ниту пиратите повеќе не се заинтересирани за кражба на нафта

pirati 01

Нафтените танкери се огромни, а бродовите кои носат скап товар се направени така што пристапот до нив да е тежок.

Крадењето може да вклучува киднапирање на танкерот, исклучување на уредот за следење, пренасочување до место каде што не може да биде забележан и пренесувањето на илјадници тешки барели на друг брод, кој потоа отпловува. Кражбата на сурова нафта значи и изнаоѓање на купувач, бидејќи во спротивно се стигнува до сложениот и опасен бизнис на незаконско рафинирање, пишува „Quartz“.

Militants patrol the creeks of the Niger delta region of Nigeria January 30, 2007. Thousands of foreign workers and their families have left Africa's top oil producer since a faceless new militant group launched unprecedented attacks on the places where they work, live and relax. Picture taken January 30, 2007. To match feature NIGERIA-OIL    REUTERS/George Esiri (NIGERIA)

Во последните шест месеци цената на нафтата падна поради глобалната економија. Па за некои пирати кражбата повеќе не им вреди.

„Со оглед на дното од 30 долари за барел, до кое достигна цената на нафтата, пиратеријата веќе не е толку профитабилен бизнис, како кога нафтата чинеше 106 долари за барел пред неколку години“, вели во интервју за „Bloomberg“ Флорентина Аденике Уконга, извршен секретар на „Gulf of Guinea Commission“ – регионален орган, чија цел е да промовира соработка меѓу западноафриканските држави, од кои многу извезуваат нафта со танкери.

pirati 02

Таа вели дека падот на цените на нафтата околу 100 долари од јули минатата година е фактор за намалувањето на пиратеријата во регионот.

Всушност пиратеријата е намалена уште пред цената на нафтата да потоне. Во 2013-та година имало 100 напади во Гвинејаскиот залив, а 56 од нив биле успешни, посочува „Oceans Beyond Piracy“ (ОВР), американска невладина организација која ги следи морските злосторства. До 2014-та година нивниот број е намален до 67, од кои 26 успешни. Овој пад се случува пред нафтата да почне да поевтинува – оценките на „ОВР“ сепак покажуваат дека секоја година 70% од нападите не се пријавени.

pirati 05

Повеќето напади од 2014-та година биле против бродовите што пренесуваат нафта или нафтени деривати, како дизел, иако тие се потешки како цели.

„Веројатно интересот за танкерите како кон главна цел на пиратите е резултат на високата вредност на товарот. Повисокото ниво на експертиза неопходно за извршување на успешна кражба на нафта, сепак ја ограничува стапката на успех на ваквите напади“, пишува „ОВР“ во својот извештај.

Гвинејскиот залив е релативно неодамнешен цел на пиратските напади. Повисоките бројки за 2013-та година се обратни во падот на пиратството на други места, особено во морињата околу Сомалија. Таму киднапирањата и кражбите достигнаа врв во 2011/12 година, и беа толку тешки што индустријата беше принудена сериозно да ги зајакне контрамерките – вклучувајќи меѓународни патроли од воени бродови и распоредување на вооружени стражари.

pirati 03

И откако во Источна Африка проблемот со пиратеријата беше надминат, тој се пресели во западниот дел на континентот – само со други пирати. „ОВР“ забележува дека како меѓународната заедница, така и локалните играчи – на пример морнарицата на Нигерија, вложуваат напори за намалување на нападите, па на некои места и се успешни.

Податоците на „ОВР“ за 2015-та година се уште не се претставени, но друга компанија, „Dryad Maritime“, која собира информации преку јавно достапни извори, вели дека во 2015-та година имало 49 инциденти во овој регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП