24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Прага најдено дело кое заедно го напишале Моцарт и Салиери

Во Прага најдено дело кое заедно го напишале Моцарт и Салиери

delo 35

Музичко дело кое се сметаш за изгубено, а заеднички го напишале австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт и неговиот италијански колега Антоние Салиери, пронајдено е во чешката престолнина Прага.

„Оваа заедничка композицијата, компонирано либрето на Лоренцо Да Понта, пронајдено во депото на Националниот музеј на музиката“, изјави во петокот портпаролката Сарка Дочкалова.

Ова дело за коешто долгов време се веруваше дека е загубено, ќе биде претставено во вторник и притоа ќе биде и изведено.

Моцарт (1756 – 1791) неколкупати престојувал во Прага, а на 29-ти октомври 1787 година токму во овој град се одржала праизведба на неговата опера „Дон Хуан“, за којашто либретото го напишал Лоренцо Да Понте (1750 – 1838), италијански поет и либретист.

Мислењето, кои инаку стручњаците ги отфрлаат, дека Салиери (1750 1825) ја оркестрирал смртта на Моцарт бидејќи му завидувал на генијалноста, потекнува од приказната „Моцарт и Салиери“ на рускиот книжевник Александар Пушкин кој всушност го истражува прашањето на генијалноста. Таа тема ја презема англискиот драматург Питер Шефер за својата пиеса „Амадеус“ според која чешкиот режисер Милош Форман токму во Прага го сними својот филм „Амадеус кој во 1985 година освои осум Оскари.

Во 2016 година се одбележува 260-годишнината од раѓањето на Моцарт и 225-годишнината од неговата смрт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП