19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШангај му нуди на Руни 25 млн. фунти годишна плата

Шангај му нуди на Руни 25 млн. фунти годишна плата

LONDON, ENGLAND - FEBRUARY 07 :  Wayne Rooney of Manchester United during the Barclays Premier League match between Chelsea and Manchester United at Stamford Bridge on February 7, 2016 in London, England.  (Photo by Catherine Ivill - AMA/Getty Images)

Тренерот на Шангај, Свен Ериксон, потврди дека кинескиот прволигаш има желба во своите редови да го види капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.

„Кој не би го сакал Руни во својот тим? Можеби во овој момент тоа не е изводливо, но имаме голема желба да го реализираме трансферот“, рекол Ериксон, кој му беше тренер на Руни во англиската репрезентација во периодот од 2001 до 2006 година.

Британските медиуми тврдат дека Шангај е подготвен да му понуди неделна плата од 500.000 фунти, што е речиси двојно од она што тој го заработува во Манчестер Јунајтед. Доколку Шангај ја оствари својата желба и го донесе Руни во своите редови, тогаш тој со годишна плата од 25 милиони фунти би станал најплатениот играч во светот на фудбалот.

Руни со 244 постигнати голови е најдобриот стрелец во историјата на Мачестер Јунајтед, а со 51 гол е најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација. Кариерата ја започна во Евертон, а од 2004 година е член на Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП