Односите меѓу Европската унија (ЕУ) и голема група земји во развој се на пат да се менуваат поради приближувањето на крајниот рок на договорот од Котону. Некои експерти тврдат дека сепак дејството на договорот треба да биде продолжени, а опсегот проширен во Латинска Америка и Азија, пишува интернет изданието „euractiv.com“.
Договорот од Котону, што е клучен елемент од трговските врски меѓу ЕУ и 78-те држави од Африка, Карибите и Пацификот, истекува во 2020-та година, наведува весникот. Брисел и земјите веќе почнаа подготовка за следната фаза од нивната соработка.
На 2-ри февруари министрите за развојот и надворешна трговија на ЕУ разговарале какво ќе биде влијанието од завршувањето на договорот и што треба да се направи. Претстои да се одржи и јавна консултација за договорот, резултатите кои ќе бидат објавени, како и оценка од неговата примена. До јуни се очекува и мандат за преговори за рамката на соработката по истекот на договорот.
Во моментов земјите од ЕУ се поделени во два табора. Едниот сака за договорот да се преговара, а останатите земји инсистираат евентуалниот договор по 2020-та година да е необврзувачки, појаснува извор на изданието од Франција, кој побарал анонимност.
Композицијата на земјите од Африка, Карибите и Пацификот, сепак, исто така може да се промени по 2020-та година. Истиот извор за весникот наведува дека некои земји од ЕУ го покренале прашањето за интеграцијата на некои од латиноамериканските и азиските земји во договорот.
Евентуално проширување на опсегот на договорот може да значи воведување на заедничка рамка, но со регионални варијации кои се рефлектираат на различната ситуација во различни географски области што исто предизвикува одредена несигурност за иднината соработка.
Договорот ги регулира и политичките, техничките и демократските услови кои опфатените земји треба да ги почитуваат во замена за помош од ЕУ. Според последната оценка сепак договорот не ги донел посакуваните резултати, што се однесува до заштитата на човековите права.