10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕмин Џијан ги одушеви публиката и медиумите во Мелбурн

Емин Џијан ги одушеви публиката и медиумите во Мелбурн

емиллл

Светските медиуми ја крунисаа изведбата на Џеф Милс, Дерик Меј и македонскиот уметник Емин Џијан, ставајќи го овој, како што го нарекуваат – мултиталент на самиот пиедестал.

Медиумите со големи пофалби пишуваат за настапот и за атмосферата на спектакуларниот концерт кој се одржа во австралиски Мелбурн, заедно со тамошниот симфониски оркестар.

Оваа фузија на двајцата гиганти во електронската музика и Симфонискиот оркестар од Мелбурн, под диригентската палка на Емин Џијан се случи првпат во светски рамки. Концертот беше заокружен со светска премиера на новата композиција „King Of Sopishte “, која ја направија Џијан и Милс, по нарачка на самиот директор на оркестарот.

Македонската продуцентска куќа „Излет мјузик“, го организираше и овој грандиозен спектакуларниот концертен настап во Мелбурн, Австралија, на двајцата техно диџеи и продуценти Џеф Милс и Дерик Меј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП