26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел сака земјите во ЕУ да ги делат меѓусебно резервите на гас...

Брисел сака земјите во ЕУ да ги делат меѓусебно резервите на гас при кризи

gas br00

Според последните информации, Брисел ќе побара од земјите членки на ЕУ да праќаат гас на заглавените соседи во вонредни ситуации како дел од предлозите за зајакнување на енергетската безбедност на земјите зависни од Русија.

Прекините на снабдување на руски гас во 2006-та и 2009-та година открија критични слабости најмногу во Источна Европа, кои Европската комисија сака да ги реши со пакет од предлози за подобрување на способноста на блокот да се справи со идни прекини. Предлозите ќе бидат потпишани во Брисел во средата и официјално претставен следната недела.

Претставници на комисијата заклучија дека земјите биле ранливи во 2006-та и 2009-та година, бидејќи имале мали резерви од гас и биле лошо поврзани со соседите. Како резултат на тоа, нивниот одговор на прекините било на национално ниво, а не на европско.

Според новите предлози Европа ќе биде поделена на 9 зони. Земјите во овие зони ќе бидат обврзани заедно да развијат планови за акумулација на залихи и изградба на инфраструктура која ќе го олесни пренесувањето на гас меѓу нив.

Комисијата ќе ги следи проектите на овие кризни планови, како сака и спорни овластувања за следење и истражување на гас, договори пред потпишувањето од земјите-членки, за да се обезбеди фер снабдување.

„Безбедноста на снабдувањето во ЕУ не може да биде ефикасно и да се постигне само од земјите-членки, но може подобро да биде реализирана на ниво на унијата“, пишува Комисијата во нацрт планот.

Во најранливите источни региони Германија ќе формира група со Полска, Чешка и Словачка. Унгарија ќе се приклучи кон Австрија, Италија, Словенија и Хрватска. Бугарија, Грција и Романија ќе се спојат во балканска група. Финска ќе треба да подготви план за итно снабдување со балтичките земји.

Домаќинствата, топлофикационите мрежи и основни социјални услуги, како болници, ќе бидат приоритет. Ако некоја земја има тешкотии да им обезбеди гас, а нејзиниод сосед не, тогаш таа земја ќе биде должна да интервенира со обезбедување гас од резервите или индустријата. Претставници на комисијата одредуваат слични планови кои треба да бидат одобрени од земјите членки и Европскиот парламент, како „задолжителна солидарност“.

Брисел бара начини да ги соедини парчињата национални енергетски мрежи во вистински единствен европски пазар, така што ќе се подобри безбедноста, а со тоа и да се намалат цените. А сепак напредокот на овој потфат е бавен, делумно поради инсистирањето на националните влади да ги извршуваат своите сопствени енергетски политики.

Во последната форма за интегриран пристап комисијата може да смета на цврста поддршка од Полска, каде енергетската безбедност е основен проблем. Земјата беше првата која повика на преземање мерки за регионална солидарност уште пред една деценија.

Варшава се плаши од тоа дека Москва може да ја користи руската превласт при снабдувањето, за да наметне политички притисок врз земјите членки на ЕУ и е сомнителна кон некои од источните соседи кои имаат склучено преференцијални договори со Газпром, рускиот монопол во снабдувањето.

„Тоа е во голема мера што сакаат Полјаците. Нема сомневање дека геополитиката се одразува на гасните прашања во регионот повеќе отколку пазарните сили, затоа предлозите за снабдување носат многу смисла“, изјави висок дипломат од Источна Европа.

Во 2010-та година Полска стана првата земја, која побарала од комисијата да учествува во нејзините преговори со Газпром и сака ЕУ да биде дел од сите преговори. Еден од проблемите е дека некои земји од ЕУ имаат потпишано договори кои ги ограничуваат или забрануваат нивната можност да продаваат гас на трети земји.

„Гасот треба да биде суровина, а не политичко оружје”, вели дипломат, кој одбил да биде именуван, бидејќи предлозите се уште не се јавни.

Комисијата се обидува да обезбеди пристап и до трговските договори на секој водечки снабдувач веднаш откако ќе бидат потпишани. Претставници на ЕУ велат дека податоците за обемот и снабдувањето од овие договори се од витално значење за зачувување на енергетската безбедност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП