25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТенис: И судии местеле мечеви

Тенис: И судии местеле мечеви

Borghei2

Скандалот со местење на тениски натпревари рапидно се шири, а најновите информации откриваат и вмешаност на судии. Како што дознава Guardian, двајца меѓународни судии тајно биле суспендирани, додека на четворица, поради корупција, биле доживотно суспендирани.

Судии од Казахстан, Турција и Украина се меѓу обвинетите за примање поткуп од обложувачката мафија, во замена за манипулирање со резултатите на ITF фјучерс турнирите. Ова им овозможувало на обложувачите да ставаат уплати на мечеви, на кој однапред се знаел победникот.

Според истиот извор, судијата од Казахстан Кирил Парфенов, во февруари, добил доживотна суспензија бидејќи на Facebook контактирал друг судија и му понудил да намести меч.

Сепак и покрај големината на скандалот, ITF не ги објавил овие информации во јавноста, само известил мал број на директори на турнири и на национални федерации.

ITF, молчи и за случајот со Денис Питнер, судија од Хрватска, кој во август минатата година добил едногодишна суспензија, бидејќи се се обложувал на тениски мечеви.

Меѓународната тениска федерација не ја известила јавноста дека против четворица функционери е поднесена пријава поради корупција, туку тоа го сторила кога информациите протекле во јавноста.

Истрагата на Guardian само на дополнително ниво ја крена загриќеноста околу местењето на мечевите во тенисот, а исто така откри и дека ITF воопшто не е транспарентна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП