10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБалет за животот на Мата Хари

Балет за животот на Мата Хари

ciganka---balet

Речиси сто години по смртта на холандската куртизана, изведувачка на егзотични танци и најпознатата шпионка во историјата – Мата Хари, во нејзината татковина одлучија нејзиниот живот да го прикажат и во раскошна балетска претстава.

Премиерата ќе се одржи во сабота, на 6-ти февруари, во националната балетска куќа во Амстердам. Од таму соопштија дека за претставата владее огромен интерес кај публиката.

„Сакав да направам драматичен балет…и бев во потрага по субјект за да се создаде танц, така што тоа мораше да биде поврзано со танцот“, вели Тед Брандсен, директор на Холандскиот национален балет и кореограф на претставата.

Идејата да се направи грандиозна балетска претстава започнала пред четири години, кога Брендсен започнал да зборува за реализација со британскиот композитор Тарик О’Реган, двапати номиниран за престижните музички награди Греми.

„Мата Хари беше личноста којашто отсекогаш не фасцинираше, и таа е Холанѓанка. Многу луѓе не го знаат тоа“, додава Брендсен.

Повеќе од 60 танчари ќе се појават на сцената во текот на претставата во траење од два часа, којашто ќе претставува своевиден калеидоскоп од искуствата низ животот на Мата Хари. Поголемиот дел од дејствието е сместено во Париз, каде што се случувале нејзини најголеми љубовни афери, вклучително и со славниот италијански композитор Џакомо Пучини.

„Слично како што Мата Хари живееше брзо, сакаме да ја раскажеме нејзината приказна на брз начин на сцената“, појаснува Брандсен.

Богатата надградба на танцот преставува костимографијата, со повеќе од 300 раскошни костими, дизајнирани од Франсоа-Ноел Шерпен. Во кулоарите на театарот, Брандсен и неговите соработници ги правата последните подготовки за сé да биде изведено перфектот.

Главната улога ќе ја толкува руската балерина Ана Циганкова. „Да се допре до нејзината животна приказна преставуваше одлична можност за мене да ја запознам подобро Мата Хари“, изјави за AFP Циганкова, која потекнува од најпризнатата балетска школа на московски Баљшој театар.

Родена во 1876 година како Маргарета Гертруда Зеле, полна со гнев по разводот од холандски офицер во колонијалната армија останувајќи без скршена пара, таа бега во Париз во 1904 година за да започне нов живот. Таа брзо самата се промовира како „Мата Хари“, индонезиски збор кој би се превел како „поглед на денот“, каде што ги усовршила јаванските танци во еротски чин што често остава малку на имагинацијата. Односно во историјата влегува како првата жена која на сцена настапувала гола, со што започнува всушност стриптизот.

Славата за нејзината „егзотична убавина“ брзо се шири низ тогашна Европа и речиси преку ноќ станува славна личност, како актуелните ѕвезди Мадона или Леди Гага, на пример. Но во 1914 година нејзината популарност е на залез и почетокот на Првата светска војна ја наоѓа во Берлин.

Германците ја врбуваат да ги шпионира Французите и Британците, а потоа била и двоен шпион. Но до денес општо прифатено е дека таа никогаш шпионската дејност не ја земала сериозно, туку на тоа се согласила поради привлечност на парите и гламурот во круговите во кои како шпионка се движела.

По обидот да ја спречи да се среќава со млад руски офицер, нејзин љубовник во тоа време, француски офицер ја апси Мата Хари и ја обвинува дека е двоен агент. Таа е осудана на смрт во 1917 година од Французите под обвинение дека нивните активности им ги јавувала на Германците.

Во едно студено октомвриско утро таа е стрелана во париското предградие Венсане. На денот на погубувањето, според некои сеќавања, Мата Хари го симнала превезот од очите и им испратила бакнежи на војниците од стрелачкиот вод.

Нејзиниот статус на икона какао фатална жена (femme fatale), се чини, е втемелен во 1931 година кога шведската холивудска актерска ѕвезда Грета Гарбо го толкува нејзиниот лик во истоимениот филм „Мата Хари“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП