26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлатките корпоративни ветувања за бегалците во Германија

Слатките корпоративни ветувања за бегалците во Германија

begalec instruktor 335

Дитер Цетче можеше да избере подобар момент за да придаде на зборовите повеќе акцент. Со едната рака на новиот кабриолет „С-класа“, а другата – во џебот на панталоните, минатиот септември, за време на Меѓународниот автосаем во Франкфурт, шефот на „Daimler“ одговараше трпеливо на сите прашања на новинарите – за удобноста на автомобилите од марката, за планираните продажби или за еколошки технологии. Додека некој не ја започна и темата за бегалците.

Други врвни менаџери би одговориле срамежливо и со заеднички приказни во оваа ситуација. Цетче, сепак најави сосема конкретно – „луѓе, кои се осмелиле на опасното патување кон Европа и при тоа оставиле се зад себе, не доаѓаат во Германија поради социјални бенефиции, туку да создадат нешто, а предвид е силниот недостаток на експерти во земјата, бегалците можат да помогнат да се создаде второ „виртшафсвундер“. „Токму такви луѓе бараме ние во „Mercedes“ и насекаде во нашата земја“, изјави тој и го потврди претходно даденото свое интервју, потсетува „Spiegel“.

Daimler CEO Dieter Zetsche stands in front of a Mercedes show car 'Digital Transformer' during an event of the Daimler group on the eve of the Frankfurt Auto Show IAA in Frankfurt, Germany, Monday, Sept. 14, 2015. (AP Photo/Michael Probst)

Од тогаш поминаа речиси пет месеци. Доволно време за да може зборовите да се проследени со дела. А и навистина се случиле неколку работи. Во ноември 40 азиланти почнаа т.н. „мостoв стаж“. Секој ден по три и пол часа во производството, потоа три и пол часа на курс по германски јазик. Овој прв курс ќе биде проследен подоцна оваа година од други стотици учесници кои ќе имаат корист од оваа мерка во 2016-та година. Барем такви беа ветувањата на компанијата.

Охрабрени од нивните претпоставени, вработените исто така превземаат чекори во поддршка на интеграцијата на новодојденците.

Сепак, со оглед на тоа дека само 6.500 лица се обучуваат во „Daimler“ и особено со оглед на фактот дека повеќе од 1 милион бегалци пристигнаа во земјата во 2015-та година, оваа иницијатива е повеќе од симболичен гест. Официјалните пречки во текот на регистрацијата и обработката на дозволи за престој и работа ќе одземат многу време и ќе чинат сериозни напори, оправдува портпаролот на компанијата за слабиот почеток. Во повеќето случаи бегалците ќе мора да почекаат неколку месеци за да ги добијат потребните документи.

За истите тешкотии се пожали и германската железничка компанија „Deutsche Bahn“, која започна програма за бегалци во текот на минатата година, за да може да ги обучува професионалните луѓе со искуство и да ги претвора во квалификувани вработени. Координацијата со властите и федералната служба за вработување одземат неколку месеци, појаснува Концернот. На неколку пати проектот бил загрозен од неуспех поради бирократски детали и пречки.

Macedonia Migrants

За разлика од „Deutsche Bahn“ која ги обучува учесниците во курсот директно за свои потреби, во „Daimler“ не сметаат дека на слушателите на курсот им е загарантирано цврсто работно место. Програмата таму е наменета повеќе како средство за помагање на малите бизниси во областа на Штутгарт, кои не можат да си дозволат скапи обуки, соопшти портпаролот на компанијата Оливер Вихофски.

По програмата успешните учесници ќе бидат пренасочени кон компаниите за професионална обука или агенции за привремено вработување. „За работни места создадовме процес за апликација за добивање на еднакви можности за сите кандидати“, вели Вихофски.

И „Siemens“ исто така е претпазлив во однос на назначувањето. Од почетокот на годината технолошкиот концерн во неколку свои поделби нуди вкупно 100 места за двомесечни практиканти. Условите за учество се само елементарни јазични вештини и формална регистрација. Целта е бегалците да бидат повлечени што е можно побрзо од центрите за миграција и да им се обезбеди добро платена работа, вели портпаролот на „Siemens“. Тоа според компанијата е првиот чекор кон интеграцијата.

Flüchtlinge versammeln sich am Eingang des Aufnahmelagers an der Bremer Straße in Dresden (Sachsen) am 29.07.2015 zu einer Sitzblockade. Sie protestieren damit gegen die Bedingungen im Lager und verlangen unter anderem feste Behausungen. Foto: Oliver Killig/dpa +++(c) dpa - Bildfunk+++

Така, се чини дека постојаното назначување во некоја од најголемите корпорации е многу веројатно за повеќето новодојденци, барем во догледна иднина. Притоа значителен дел од нив, барем од гледна точка на нивната квалификација, изгледаат сосема способни да одговорат на барањата.

Според студија од Федералната служба за миграција и бегалци околу десет проценти од пристигнатите во Германија имигранти се сметаат за високо квалификувани, бидејќи посетувале училиште најмалку во период од дванаесет години и биле неколку семестри на универзитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП