4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПовиците за бојкот на Оскарите не наидуваат на одѕив

Повиците за бојкот на Оскарите не наидуваат на одѕив

оскари0000

Четири американски филмски ѕвезди објавија дека следниот месец ќе го бојкотираат доделувањето на најпрестижните филмски награди – Оскарите, бидејќи меѓу номинираните актери втора година по ред нема ниеден афроамериканец, но се чини дека малку нивни колеги имаат намера да ги следат во тоа.

Режисерите Спајк Ли и Мајкл Мур, како и актерската брачна двојка Вил и Пинкет Смит објавија дека со бојкотот на доделувањето на наградите ќе протестираат поради фактот што втора година по ред ниеден афроамерикански актер не е номиниран во ниедна категорија. Други, пак, како Лупита Нионг’о и Џорџ Клуни, се согласуваат дека расните малцинства не се доволно застапени во филмската индустрија, но досега не искажаа јасно намера да го бојкотираат шоуто.

Големо мнозинство други актерски ѕвезди, според истражувањето на Reuters, се придржуваат до мудроста „молчењето е злато“.

„Мислам дека многу луѓе во индустријата се свесни за тоа дека вистинскиот проблем е во филмските студија и агенциите, а не во Академијата на филмските науки и уметности (AMPAS)“, изјави новинарот на списанието Variety, Тим Греј, кој го следи доделувањето на Оскарите повеќе од три децении.

Марк Руфало, номиниран за најдобра споредна улога за филмот „Спотлајт“ за новинарската истрага која доведе до откривањето на злоставувњето на децата во Католичката црква во САД, изјави дека ги поддржува барањата Холивуд да биде разновиден, но дека ќе оди на доделувањето на Оскарите „во знак на поддршка на жртвите на злоставувањето и на доброто новинарство“.

Бри Ларсон, номинирана за улогата во филмот „Соба“, на својот Twitter напиша дека недоволната застапеност на малцинствата е тема која заслужува внимание, но не додаде ништо што би упатувало на тоа дека има намера да му се приклучи на бојкотот.

Роберт Редфорд воопшто не сака да влегува во полемика. „Не ме интересираат Оскарите, не ме интересираат… Мене ми е важна работата, а она што следува подоцна… за наградите, за тоа не размислувам“, одговори на новинарско прашање на отворањето на фестивалот на независниот филм Санденс, чиј основач е.

Афроамериканскиот актер Крис Рок се најде под притисокот на некои негови колеги да се откаже од улогата на водител на годинешното доделување на Оскарите, меѓутоа овој комичар смета дека може да стори повеќе ако го задржи овој ангажман.

„Мислам дека тоа е одлична можноста за него, целиот свет да слушне што има да каже за тој проблем“, размислува Тим Греј.

Ниту латиноамериканските актери, чиишто филмски таленти уште помалку се препознаваат за време на доделувањата на наградите, не го поддржуваат бојкотот.

„Многу латиноамерикански актери, коишто одвај може да дојдат до каква и да е улога, не сакаат да ја касаат раката што ги храни“, рече претседателот на хиспанофоната фондација за уметност, Феликс Санчез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП