Кина и Египет потпишаа договори за 15 милијарди долари, пред претседателот Си Џинпинг да отпатува за Иран каде ја завршува посетата на Блискиот Исток, чија цел е да ги зајакне дипломатските односи во еден од најизолираните региони, пишува „Bloomberg“.
„China Railway Group Ltd.“ е дел од конзорциумот од компании кои победија со проект за изградба на железничката пруга во Египет за 1,1 милијарди долари, додека „China State Construction Engineering Corp.“ потпиша договор вреден 2,7 милијарди долари за изградба на конгресен центар, канцеларии на владата и парламентот.
5-дневното патување на Си Џинпинг во Саудиска Арабија, Египет и Иран, што е негова прва посета на Блискиот исток, откако дојде на власт во ноември 2012-та година, ја одбележува 60-годишната врска меѓу Пекинг и Арапската лига.
Трансакциите се дел од стратегијата на Кина „Еден појас, еден пат“, насочена кон зајакнување на економските и транспортни врски во Евроазија, додека целта е да се нагласи повеќе профилот на Кина како глобална сила.
Со посетата на Иран Си Џинпинг сака да го задржи кинеското влијание, затворено за време на долгата изолација на Техеран. Кинескиот претседател е првиот водечки светски лидер кој ја посетил земјата, откако на 16-ти јануари САД и Европската унија ги кренаа санкциите, отворајќи пат на иранската интеграција во глобалната економија.
Во ноември државниот железнички оператор „China Railway Corp.“ предложи да биде формирана 3.200 километри брзинска железничка пруга до Техеран од западниот регион на Кина, Ксинџијанг.
Властите, исто така се надеваат да го финализираат договор за изградба на две нуклеарни централи, кога Си Џинпинг го посети Иран, пренесува локалната агенција „Tasnim“.
За време на патувањето претседателот на Кина објави кредити за 35 милијарди долари, за да се олесни соработката на земјата со земјите од Блискиот Исток и за да им помогне да се индустријализираат, пишува агенција „Ксинхуа“.
Покрај тоа, Кина вети 20 милијарди долари на фондот, кој ќе им помогне на Обединетите Арапски Емирати и Катар да ја развиваат енергетиката, инфраструктурата и висококвалитетното производство.
Мешаница во Блискиот Исток произлегува од недостатокот на развој, а одлуката зависи од развојот, „Ксинхуа“ го цитира претседателот, кој говореше пред Арапската лига во четвртокот во нејзината централа во Каиро.
Исто така Кина вети 7,6 милиони долари (50 милиони јуани) за подобрување на животот на Палестинците и 230 милиони јуани хуманитарна помош за Сирија, Јордан, Либан, Либија и Јемен.