2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина диџеј Бабура

Почина диџеј Бабура

babura

Во раните утрински часови во Скопје почина познатиот диџеј Бабура, односно Љупчо Петровски. Тој почина по долго боледување, на 42-годишна возраст, јави Telegraf.

Диџеј Бабура беше еден од најзначајните музичари во Македонија кој беше дел од растот на македонската модерна клупска и радио сцена.

Настапуваше со сите светски диџеи кои гостуваа во земјава, а со неговите музички сетови израснаа повеќе генерации во клубовите низ Скопје и низ земјава. Тој почна уште во деведесеттите години со пуштање музика на радиото „Мега ФМ“, за потоа да продолжи во „Антена 5 радио“ и потоа во „Сити радио“.

Беше препознатлив по хаус музика, а на неговите настапи во клубовите низ земјава постојано имаше голем број публика. Препознатлив ќе остане и неговиот ремикс на познатата „Ајде да летаме“ со Каролина Гочева како вокал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП