4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФранцуско-германски филм „Дипломатија“ за одбележување на годишнината од Елисејскиот договор

Француско-германски филм „Дипломатија“ за одбележување на годишнината од Елисејскиот договор

diplomatija

Амбасадите на Сојузна Република Германија и на Република Франција  ќе ја одбележат 53 годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор, со прикажување на француско-германскиот филм „Дипломатија“ (2014 год.), на режисерот Фолкер Шлендорф, денес, во Кинотеката на Македонија, со почеток во 18 часот.

Официјалните говори на Н.Е. д-р Кристине Алтхаузер, Амбасадорка на Германија, и на Н.Е. Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција, ќе го отворат настанот, по што следуваат коктел и проекција на филмот.

Инаку, филмот е добитник на наградатаа Цезар 2015 за надобра филмса адаптација, а главниот актер Нилс Арестрип беше номиниран за Цезар 2015 за надобра машка улога.

Реномираниот француски дневен весник Ла Кроа за филмот ќе напише дека е „во извонредна режија на Фолкер Шлендорф, големиот вљубеник во моќниот Париз, (…), кој успева да воспостави совршена рамнотежа помеѓу двата конфронтирани лика, прикажувајќи ги детално и нијансирано сите фази на една спротиставеност“. Неделникот Пари-Мач, пак, ќе го оквалифукува како „вешта алегорија на една спротиставеност низ два сосем различни концепти за светот и должноста“, а Теле 7 Жур ќе напише „Едноставно вобудлив“.

Филмот е со превод на македонски и англиски јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП