4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит вложувачите внимателни, индексите стагнираа

На Волстрит вложувачите внимателни, индексите стагнираа

volstrit (1)

На Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети, бидејќи вложувачите се претпазливи поради забавувањето на растот на кинеската економија и ниските цени на нафтата.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,17 отсто, на 16.016 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,05 проценти, на 1.881 поен, а индексот Nasdaq , пак, ослабе за 0,26 отсто, на 4.476 индексни поени.

На самиот почеток од вторничното тргување цените на акциите позабележително пораснаа, како и на европските берзи, бидејќи инвеститорите помалку беа охрабрени од извештајот за кинескиот бруто домашен производ (БДП). Во целата 2015 година кинескиот БДП пораснал за 6,9 отсто, побавно од 7,3 проценти во претходната 2014 година и најбавно во изминатите 25 години.

Тоа забавување беше очекувано, па на пазарите преовладуваа надежите дека кинеските власти наскоро ќе воведат нови поттикнувачки мерки. Меѓутоа, набрзо расположението се промени. „На пазарите владее голем страв и несигурност, па ќе ни биде потребно повеќе од една добра економска вест за да го надминеме тоа“, вели Дејвид Картер, директор на компанијата „Lenox Wealth Advisors“.

Лошо на пазарите на акции влијаеше и промената на пазарите на нафтата. Целото претпладне цените растеа за да во попладневните часови ги загубат речиси сите добивки. Бидејќи растот на глобалната економија забавува, така ослабува и побарувачката на нафтата, додека, од друга страна, производството и натаму е високо. А по укинувањето на санкциите за Иран, наскоро понудата на пазарите ќе биде зголемена и со неговата нафта. Оттаму, цените на „црното злато“ не успеваат да се одлепат од најниските нивоа во последните 12 години.

Со падот од 2,1 отсто, индексот S&P на енергетскиот сектор и во вторникот беше најголемиот губитник, а паднаа и цените на акциите во рударскиот сектор.

Кварталните деловни резултати на американските компании и банки, исто така, не му даваат поддршка на пазарот, иако повеќето од нив известуваат за подобри резултати отколку што се очекуваше. Меѓутоа, прагот е поставен многу ниско. Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека добивката на компаниите од составот на S&P индексот во четвртиот квартал од минатата година паднала за 4,4 отсто во однос на истото тримесечје една година претходно.

Тоа, пак, значи дека се заканува рецесија на заработките. Имено, поради ниските цени на нафатат, слабеењето на кинеската економија и високиот курс на американскиот долар, што лошо влијае врз приходите на американските мултинационални компании во странство, заработките би можеле да паднат второ тримесечје со ред.

На повлекувањето на инвеститорите од пазарите укажува и големиот обем на тргување. На американските берзи сопствениците во вторникот ги заменија околу 9,4 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 години изнесуваше 7,7 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП