17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПојадок за шампиони: Тост и смути, совршена комбинација

Појадок за шампиони: Тост и смути, совршена комбинација

19478_jamie-oliver-07_630x0

Ако барате идеално решение за брз, вкусен и хранлив оброк, Џејми Оливер има неколку сјајни предлози за вас…

Без многу мака, на вашата трпеза ќе се најде појадок кој ќе ги задоволи сите потреби на вашиот организам за хранливи состојки, а бидејќи подготовката е едноставна, нема да ви одземе премногу време.

Препораката на славниот британски готвач е денот да го започнете со смути. Она што е одлична вест за сите оние за кои смутито не звучи како добра идеја е дека овој оброк може да го прилагодите кон својот вкус.

Џејми со своите читатели на својот блог сподели неколку совети за тоа како да подготвите совршено смути. Основни намирници за подготовката на овој оброк се овошје, замрзнато или свежо, јогурт или млеко, јаткасти плодови и овесни снегулки. Намирниците може да ги комбинирате во зависност од вкусот, а ако ги сакате бананите, на веб страницата на овој славен готвач пронајдовме рецепт за едно одлично смути.

104064_profimedia0159617607-smuti_630x0

Потребно ви е:

1 банана, 3 лажици сецкани бадеми, 250мл млеко, 1 лажица мед. Сите состојки ставете ги во блендер, измешајте и вашиот појадок е подготвен.

Ако сепак повеќе би сакале да појадувате тост, постои начин за и овој оброк да направите да биде совршен појадок, а бројот на комбинации е навистина голем. Еден од предлозите на Џејми е за тостот да го комбинирате со два вида на кашкавал. По вкус, изберете кашкавал кој лесно се топи и ставете две тенко исецкани парчиња на две парчиња интегрален леб и ставете го сето тоа да се згрее во тостер.

104065_profimedia0191835958-tost_630x0

Доколку сакате може да додадете и парче пршута и рукола и зачини како бибер и оригано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП